Британската пејачка поп ѕвезда Клиф Ричард категорично ги отфрла обвинувањата за „сексуално насилство“ извршено пред речиси 30 години врз тогаш 16-годишно момче.
– Не сум педофил. Сите обвинувања против мене се целосно измислени и лажни, изјави Ричард, во првата реакција по вчерашниот претрес на полицијата во неговата куќа во англиската област Беркшир.
Полицајци повеќе од пет часови ја претресуваше куќата, барајќи докази за обвинувањето, поради кое е покрената целата операција. Во текот на претресот Ричард не беше во куќата ниту кој било негов претставник затоа што се наоѓа во Португалија, одморајќи се на својот имот и ранч во областа Алгарве.
Клиф Ричард (73) е незадоволен од односот на британската полиција, а посебно што таа во своето соопштение не споменува дека пејачот веднаш изразил подготвеност за целосна соработка во текот на истрагата.
Тој најавил дека веднаш се враќа во Лондон за да биде сослушан, но е „гневен од односот на полицијата“ која уште пред да дојде до куќата во Беркшир ги известила медиумите за својата операција и практично ги поканила да присуствуваат додека траел претресот.
Медиумите кои засега му се наклонети, откриваат дека „случајот“ за кој Ричард е осомничен, потекнува од 1985 година за време на турнејата на американскиот проповедник Били Греам низ Велика Британија. Клиф Ричард, кој од поодамна е посветен на христијанството, му се приклучил на Греам и настапувал со него на стадионот во англискиот град Шефилд.
Според лондонските весници, Ричард е осомничен дека во тие денови бил извршен и „сексуалниот напад“ врз малолетникот.
Познат ширум светот, а во Британија се уште популарен Клиф Ричард никогаш не се ожени, па во британската јавност важи за „вечниот ерген“. На неколкупати, дел од домашните медиуми шпекулираа околу неговата хомосексуалност, но тој секогаш тврдеше дека не е геј.