Френсис Бин Кобејн, ќерката на фронтменот на музичката група „Нирвана“, Курт Кобејн, на својот профил на „Твитер“ упати зборови за поддршка на ќерката на актерот Робин, Зелда Вилијамс.
Во пораката таа изрази љубов и почит кон пријателката и ќерка на починатиот холивудски актер и напиша:
„Ќе бидам тука кога и да ти сум ти потребна“. Познатиот актер беше пронајден мртов во својата куќа, а полицијата потврди дека станува збор за самоубиство. Инаку Френсис Бин Кобејн имаше само 20 месеци кога нејзиниот татко Курт Кобејн изврши самоубиство.
Е. Г.