Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи, активно бараат дадилка која ќе ја учи Блу Ајви да зборува француски и секаде ќе патува со нив. За тоа побарале совет и од нивната пријателка Гвинет Палтроу.
Како што пишува британскиот весник Look, има повеќе причини зошто малото девојче брзо ќе го научи „љубовниот јазик“ – нејзините родители ја зачнале токму во Франција , а и сопругот на сестрата на Бијонсе е Французин.
На сето ова во прилог оди и тоа што нејзиното семејство често патува низ Европа, па се надеваат дека наскоро ќе ги совлада странските јазици.