Ќе се сними ли „Невозможна мисија“ на „Ентер фест“? Кој од познатите ќе биде новата жртва?

Од:

Пејачката Кристина Арнаудова е еден од македонските изведувачи што ќе настапат на годинашното, прво издание на музичкиот фестивал „Ентер фест“. Таа деновиве во Скопје се сретна со Горан Марковиќ, водител и режисер на популарната скриена камера за познати, емисијата „Невозможна мисија“.

„Дали ќе се сними ‘Невозможна мисија’ на ‘Ентер фест’? Кој од познатите ќе биде новата жртва?“, напишаа организаторите на фестивалот покрај фотографијата од пејачката и водителот.

„Ентер фест“ ќе се одржи кон крајот на мај, а ќе трае пет дена. Организаторите го најавуваат како голем музички спектакл кој ќе привлече публика не само од Македонија, туку и од регионот. Билетите освен во Македонија се продаваат и во соседството.

Почната е кампања во Србија, Бугарија, Албанија и Косово. Цената на билетот за сите 5 дена чини 990 денари.

На две сцени во и пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржат предку 50 концерти на големи музички ѕвезди, бендови, диџеи, музика за сечиј вкус. Засега се знаат 40 изведувачи, меѓу кои и Ера Иштрефи, Ван Гог, Дивље јагоде, Игор Џамбазов, Неверне бебеи други. Останатите дваесетина имиња засега организаторот ги чува во тајност.

Би можело да ве интересира

Фестивалот „Ентер Фест“ се одложува за 29 август до 2 септември

Ана Ололовска

Објавен распоредот на сцените на „Ентер фест“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавени деталите и учесниците на ЕНТЕР Фест

Ана Ололовска

ВИДЕО: Светската атракција Ера Иштрефи ќе настапи на „Ентер фест“ во Скопје

Ана Ололовска

В четврток ќе се открие кои ѕвезди доаѓаат на „Ентер фест“ во Скопје

Ана Ололовска

Ентер фест: Не наседнувајте на шпекулациите на една лажна продукција, ова ќе биде најголемиот фестивал

Ана Ололовска