Актерот Кифер Сатерленд одговори на обвинувањата на колегата Фреди Принц Јуниор, кој изјави дека Кифер е најнепрофесионалниот тип во светот. Фреди уште рече дека поради Сатерленд речиси и ќе се откажел од глума и оти работењето со него на серијата „24“ било грозно искуство.
Но, Сатерленд не ја прифати играта. Неговиот претставник за печатот во културна и стерилна изјава за Еј-Би-Си рече дека овие тврдења се многу изненадувачки: – Кифер работеше со Фреди Принц Јуниор пред повеќе од пет години и ова е првпат да слушне за неговите обвинувања. Кифер уживал работејќи со Фреди и му посакува се најдобро.