Пејачката Кели Роланд и нејзиниот сопруг Тим Витерспун вчера станаа родители на момче кое го нарекоа Титан Џуел Витерспун.
Познатата пејачка и поранешна членка на групата „Destiny’s Child“ во јули оваа година објави дека е бремена, само еден месец откако го рече судбоносното „да“ на својот менаџер Тим.
Потоа во текот на едно интевју за „Fox 411“ откри дека очекува момче.
Колку беше возбудена дека ќе стане мајка, Кели тоа го откри во едно интервју за Ел.
– Толку многу сум возбудена затоа што на свет ќе го донесам нашето дете. Најубавото чувство да го споделиш тоа со некој, рече тогаш Кели.