Британската манекенка, Кејт Мос е извадена од авион со интенревенција и придружба на полиција, поради недолично однесување.
Инцидентот се случил на лондонскиот аеродром Лутон, но проблемите со „непредвидливата“ Мос започнале набргу по полетувањето на авионот на нискобуџетската компанија „Изи Џет“ од турското летувалиште Бодрум.
Засега не се знае како се однесувала прославената манекенка, но на барање на екипажот на авионот, пред слетувањето во Лондон, била повикана полицијата за да интервенира.
Во кусото соопштение на авионската компанија се потврдува инцидентот, иако не се споменува името на „патникот“ за кого се вели дека се однесувал „подривачки“ и дека во текот на летот им го нарушувал нормалното патување на другите патници.
„Изи Џет“ не го одобрува и не го толерира ваквото однесување, па секогаш кога ќе има таков случај, компанијата ќе ги информира властите„- се вели во соопштението.
Британската полиција соопшти дека била повикана да интервенира на аеродромот во Лутон, за со полициска придружба да биде изваден „еден патник“ од авионот до аеродромската зграда, но во него нема ништо за каков инцидент станува збор, а ниту се споменува идентитетот на патникот.
Полицијата само соопшти дека никој нема поднесено пријава за инцидентот и дека при интервенцијата „патникот“ не бил уапсен.
Лондонските медиуми го откриваат идентитетот на Кејт Мос (40) на која ове не и првпат да предизвикува инциденти при патувањето со авион. Вакви случаи имаше почесто во минатото додека беше во врска со пејачот Пит Доерти, а весниците тврдеа дека сите најчесто биле направени под влијание на дрога или алкохол.