Учител по глума, низ чија школа поминале многу познати имињи и познато лице од филмот „Паркот од добата Јура“, Камерон Тор осуден е на шест години затвор поради силување на 13-годишно девојче.
Пред две години Тор беше обвинет за сексуален напад врз 13-годишната Џордин Ладел, која ги посетувала неговите часови по глума. Тој призна дека во неговиот автомобил запалил џоинт и ја натерал Ладел на орален секс.
Судењето почна минатата година, а неговите адвокати неколку пати ја обжалија пресудата, но без успех.
Школата за глума на Тор ја посетувале Камерон Дијаз, Хелен Хант, Мадона, Кортни Кокс и други ѕвезди.