Како саентолозите ги врбувале Бред Пит и Боно Вокс

Од:

Водачот на саентолошката црква во своите редови сакал да ги види Боно Вокс и Бред Пит, кој наводно во црквата ја поминал и иницијалната програма за детоксикација.

Внуката на водачот на саентолошката црква, која во книгата објавена во февруари оваа година ги опишала причините за своето бегство од тој култ, тврди дека црквата се обидела во своите редови да ги регрутира Бред Пит и Боно Вокс.

Бред Пит, тврди таа, во 90-тите поминал низ програма за детоксикација од дроги додека бил во врска со глумицата и познатата членка на саентолошката црква Џулиета Луис.

– Знам дека беше на програма за саентолошка ревизија и на една од средбите во Селебрити Центарот – изјави Џена Мискевиџ Хил во ексклузивно интервју за Радар Онлајн. Хил откри дека и Боно поминал низ ревизија.

– Црквата има своја селебрити стратегија и се бараат славни лица не поради пари, туку поради влијание – изјави Џена, чии мемоари Beyond Belief: My Secret Life Inside Scientology and My Harrowing Escape, предизвикаа голем потрес во редовите на црквата.

– Тие знаат дека луѓето се опседнати со славните, па преку нив можат повеќе да се заинтересираат за сајентологијата. Мислам дека славните лица се склони кон егонцентричност, а сајентологијата тоа им го зборува – ти си свој бог. Но, веројатно се несигурни, па им помага сајентолошкиот селф-хелп. Затоа Боно беше совршена цел, бидејќи го познаваат многу луѓе. Слушнав дека бил на сајентолошка ревизија.

Хил детството го поминала во црквата и била третирана во тајниот камп Sea Orgu, а побегнала по 21 година.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ