Есенските патувања веќе се актуелни кај нас, а празниците и продолжените викенди се причина плус луѓето да одпатуваат некаде. За многу дестинации и места туристичките агенции веќе имаат понуди со организиран автобуски или авионски превоз но има понуди и за оние кои ссакаат да патуваат со сопствено возило.
Слика група
За 11 Октомври најактуелни се автобуските патувања за Италија, Будимпешта, Истанбул, но доста барани се хотелите хои нудат СПА услуги и имаат термални води.
Аранжман со 3 ноќевања и вклучен автобуски превоз за Истанбул може да го резервирате по цена од 119 евра, а патување за Венеција-Милано-Верона-Трст з а 139 евра. Во цената Ви се вклучени две ноќевања, автобуски превоз, посета на трговски центар, а за сите вакви патување вклучен е и туристички придружник за целото патување.
За истата цена, од 139 евра може да ја посетите и Будмпешта, автобуска програма со две ноќевања.Со богата историја, прекрасни градби и архитектура, многу знаменитости, туристички атракции, како и одличен ноќен живот, Будимпешта е идеална дестинација за сечиј вкус.
Последните неколку години особено интересен за граѓаните е бањскиот туризам. Бугарскиот град Сандански е секогаш прв избор на граѓаните кои сакаат одмор за да се релаксираат. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица. Цената за 2 ноќевања со појадок и користење на СПА центарот за 11Октомври е 260 евра за лица.
Слика Сандански
За 11 Октомври може да ја посетите и Србија, поточно Врњачке Бањи или Пролом Бањи. 159 евра е цената на аранжаман во Хотел Фонтана во Врњачка Бања, во која е вклучен автобуски превоз како и две ноќевања со појадок. Пролом Бања и сместување во хотел Радан може да ги резервирате за 169 евра, а исто така Ви е вклучен превозот како и две ноќевања.
За оние кои сакаат да го искористат сонцето и да уживаат на море, може да се најдат понуди за хотелско сместување во Грција. Хотелите може онлајн да ги пребарате на ЈК ТРАВЕЛ.
ПР текст