Познатата уметничка Јоко Оно, вдовица на легендарниот член на „Битлси“, Џон Ленон, ги изненади новинарите кога изјави дека ја познава „многу интимно“ Хилари Клинтон.
Таа ја коментираше можноста Клинтон да стане прва претседателка на САД.
– Ние се запознавме во Њујорк, во текот на протестите против војната во Виетнам. Станавме многу интимни затоа што споделуваме исти вредности за сексуалната еднаквост и борбата против машката доминација и патријархот во општеството, рече уметничката.
– Имавме кратка романса во времето додека живеев со Џон на Менхетен, а Хилари студираше на Универзитетот во Јеил, но со текот на времето го изгубивме контактот, рече Оно и додаде дека „позитивно е изненадена“ со успехот кој го постигнала Клинтон.
На крајот таа истакна дека евентуалната победа на Хилари Клинтон на американските претседателски избори ќе значи „голем напредок за ЛГБТ заедницата и женските права во оваа земја, јави N1.