Ивица Симоновски Мистер на Македонија за 2012

Од:

Ивица Симоновски е освојувач на титулата Мистер на Македонија на синоќешниот избор, што се одржа во скопската дискотека „Б2“.

На церемонијата пред стотина гости, која беше во организација на модното студио „Црнокрак“ и магазинот „Фаци“, Симоновски триумфираше во конкуренција на деветмина момчиња, и ќе ја претставува Македонија на „Мистер Си Вордл 2013“.

Новиот Мистер најави дека ќе се обиде да го повтори успехот на ланскиот Мистер Стефан Лошковски, кој во Перу го освои првото место на изборот на светско ниво.

Би можело да ве интересира

Мистерот на Македонија гол во Кампања за спас на бездомните животни

Ана Ололовска