На патниците кои патуваат со авиони со години им недостасуваше интернет во текот на летот, но тоа полека станува минато. Меѓу тие кои воведуваат Wi-Fi мрежа е и Индија, откако владата најави пакет реформи кои ќе овозможат на авио компаниите на своите патници над индискиот воздушен простор да обезбедат пристап на интернет.
Комерцијалните летови наскоро ќе понудат Wi-Fi услуга на своите патници, потврдија министрите за телекомуникација и авијација. Тоа ќе овозможи и на авионите на странските компании да продолжат да ги пружаат истите услуги на своите патници и кога ќе влезат во индискиот воздушен простор без никакви прекини.
Интернет во авионите не е дозволен на домашните летови од безбедносни причини. Авионите кои поминуваат низ индискиот воздушен простор исто така биле обврзани да го изгасат интернетот, што правело големи проблеми на компаниите. Меѓутоа, промената на ставот на индиските власти следела откако индиските агенции развиле начини за следење на повиците и податоците на патниците во авионите кога е тоа потребно.
Владата во Индија стана повнимателна кога станува збор за интернетот во авионите откако беше киднапиран авион на Индија Ерлајнз во тек на лет од Делхи кон Катманду на 24 декември 1999 година.