И стигна пакетот со облека, го отвори и ја касна отровна скорпија

Од:

Дваесет и петгодишна жена од германскиот град Хесен отворила пакет облека, а од него излегла најотровната скорпија која ја каснала, поради што завршила во болница.

Млада жена со потекло од Сирија, на бегалскиот портал „Амал“ од Берлин објавила дека нарачувала облека од Шејн, а кога го отворила пакетот, ја прободела скорпија.

Портпаролот на полицијата за германските медиуми потврди дека инцидентот се случил пред неколку дена. Тој рече дека соседот на несреќната жена повикал полиција и дека ја убил скорпијата пред да пристигне полицијата, објави Феникс-магазин.

Младата жена веќе била пренесена во Универзитетската болница во Марбург, каде и била укажана прва помош.

Полицијата во истата болница ја однела и мртвата скорпија каде било утврдено дека отровот од овој вид на скорпија не е смртоносен за возрасните, ама е опасен за децата.

Тоа беше жолта медитеранска скорпија, една од најотровните од ваков вид во светот. Нејзиниот убод може да предизвика повраќање и вртоглавица кај возрасните, а може да биде фатален за децата.

Младата жена била шокирана бидејќи рекла дека има едногодишен син, кој, за среќа, бил во кревет кога го отворила пакетот.

Дека скорпијата може да се најде во пакети кои пристигнуваат од Азија не е изолиран случај, како што покажува неодамнешниот сличен пример за кој пишува германски Шпигел.

Така, според написот во тој магазин, скорпијата била и во пакетот на Шејн, кој го нарачала студентка од Бристол, Англија, но за среќа не успеала да ја касне.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ