„Пријатели“ можеби се една од најголемите сит-коми на сите времиња, но во текот на своите години на емитирање имале низа недоследни ситуации.
Во текот на целата серија сите ликови многу се недоследи по прашањето на годината. Во седмата сезота се прикажува како Рејчел го слави нејзиниот 30-ти роденден и многу е вознемирена поради таа бројка. Во една сезона роденденот е во мај, а во друга во јануари. Во првата сезона Џои зборува како има 25 години, а во втората сезона 28, додека во седмата сезона зборува дека има 31 година.
Слични неправилности се појавија во текот на наредните сезони. Со оглед дека Рејчел и Моника оделе заедно во средно училиште, би требало во секоја нова сезона да имаат ист број на години, но и тука успеале да згрешат. Во прва сезона имаше 26 години, а во четвртата сезона 28 години. Рос, пак, во третата, чевртата но и во петата сезона имаше 29 години.
Во една од сезоните мајката на Рос и Моника, Џуди рече дека нејзините родители починале многу млади. Меѓутоа, во епизодата „The One Where Nana Dies Twice“ мајката изгледала многу старо. Исто така, во седмата сезона Џек Гелер, барајќи правен совет, наговестува дека нејзините родители се уште се живи.
Керол не беше прва и единствена партнерка на Рос пред Рајчел. Рос на Чендлер и на Џои им зборуваше дека поранешната сопруга Керол е единствена жена со која некогаш спиел. Таа приказна држеше вода во првите сезони. Во седмата сезона Рос го обвинува Чендлер дека спиел со чистачката за време на студирањето, а Чендллер му рече на Рос дека тоа всушност бил тој, што тој не оспорува.
Во десетата сезона од епизодата „The One With The Late Thanкsgiving“, Рејчел се пофали дека таа ќе влезе во станот на Моника и Чендлер затоа што тие го заклучиле, спомнувајќи дека има клуч уште откако биле цимерки. Но, во меѓувреме тие ја промениле бравата па такво нешто не било возможно.
Во петата сезона во епизодата „The One Where Everybody Finds Out“, зградата позади станот на Рос од почетокот до крајот на серијата во целост се изменила од почетокот до крајот на една епизода. Во еден момент е целосно разурната со скелиња, а во следниот момент е обновена.