Халид Бешлиќ: Не се плашам да умрам, се наживеав и убаво ми беше

Од:

Легендарниот босански фолк пејач Халид Бешлиќ ја загуби битката со ракот на 72-годишна возраст, почина на одделот за онкологија во Сараево.

Според сведоштвата на неговите колеги, пријатели и семејството, тој сакаше луѓето да го паметат како добар човек, а не само како добар пејач. Очигледно е дека успеал во тоа.

Денес, многумина плачат за него и имаат само пофални зборови. А изјавата што ја даде за медиумите докажува дека бил позитивен и гледал на животот од светлата страна.

– Патем, јас сум личност која е задоволна од својот живот и имам навика да си зборувам сам со себе и да велам: „Па, заработив за живот, се забавував добро, се наживеав и убаво ми беше“ – рекол Халид за време на својот живот.

Како што додал, не размислувал за судниот ден и овие мисли не му го нарушувале секојдневниот живот.

– Не се плашам од смртта утре, не размислувам за тоа и не сум во таа фаза. Па, дај Боже да биде, не може да биде поинаку. Сите сме запишани некаде – рекол тој.

Неговата единствена желба била да оздрави за да помине што е можно повеќе време со своите внуци.

Би можело да ве интересира

80.000 луѓе се опростија од Халид Беслиќ

Познати личности пристигнуваат на комеморацијата за Халид Бешлиќ

Почина Халид Бешлиќ

Катерина Ѓуровски