Сопственикот на Facebook Марк Цукерберг е најновата жртва на хакерски напад меѓу славните, јавува во вторник dpa, истакнувајќи дека хакерите ден претходно ги нападнале неговите профили на останатите социјални мрежи – Twitter, Pinterest и LinkedIn.
Хакерите именувани OurMine Team на Твитер профилот на Цукерберг поставија порака „само ја тестираме вашата безбедноснт“, но пораката многу брзо беше избришана.
Facebook порано негираше дека е хакиран и профилот на Цукерберг на Instagram, додавајќи дека системите на Facebook и неговите профили не биле хакирани.
Кон крајот на мај хакери упаднале на Твитер профилот на пејачката Кети Пери, која на таа социјална мрежа има 89 милиони пријатели.