Манекенката и водителна Хајди Клум, која е мајка на четири деца, пред неколку дена беше „начекана“ за време на одморот во минимална танга и топлес, а сега се појавија и нејзини фотографии во минијатурни бронзени бикини.
Комантарите на социјалните мрежи за фотографиите од одморот на Хајди и нејзиниот пријател Вито Шнабел на Сент Бартс, како што и вообичаено се случува во вакви ситауции, се поделени по прашањето околку изгледот на нејзиното тело.
Додека некои сметаат дека изгледа сензационално за нејзините 41 година, други се незадоволни затоа што тврдат дека е „преслаба“ и дека нејзините стомачни мускули не се резултата на вежбање, туку едноставно на премалкуте килограми.
Но, очигледно Хајди се забавува како никогаш досега во животот и остава впечаток дека воопшто не се оптоварува со пишувањата на интернет.