Горан Бреговиќ ја тужи пиварницата во Карловац поради неовластено користење на музички дела во промоција на таа трговска марка за време на турнејата во 2007 година.
Тој бара отштета од 80.000 евра, поради песните кои тогаш се изведени на дури 15 концерти за време на турнејата „Карловачко лајв“, без негова согласност.
Како што наведува „Вечерњи лист“, песните ги изведуваа членови на некогашното „Бело дугме“, Жељко Бебек, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа.
Иако во медиумите претходно беше најавувано дека Бреговиќ ќе поднесе тужба против колегите Бебек, Исламовиќ и Тифа, тужбата не ја насочи против нив, туку против покровителот на турнејата, односно вториот по големина хрватски производител на пиво.