Гледаноста на Оскарите најниска во историјата

Од:

Гледаноста на 92. доделување на Оскарите е најниска во историјата. Свеченоста ја гледале 23,6 милиони луѓе, што е за 20 отсто помалку од лани, посочуваат податоците на Нилзен академијата.

На тоа, како што велат познавачите, влијаело тоа што церемонијата годинава се одржа порано од вообичаено.

– Освен тоа, доделувањето беше премногу предвидливо, премногу „бледо“ и премногу здодевно, смета Том О’Нил, основач на порталот „Голдерби“, што се занимава со свеченостите за доделување награди.

По вторпат во историјата, емисијата мина без домаќин-водител, а критичарите оценуваат дека тоа е уште еден хендикеп, за разлика од претходно, кога тоа се најавуваше како новитет, свежина и предност.

– Водителот му дава облик и глас на шоуто кога тоа не нуди ништо друго. Овогодишното доделување мораше подобро да го пополни тој вакуум, оценува Џејмс Понивозик од „Њујорк тајмс“.

И критичарот на „Вашингтон пост“, Хенк Ставер смета дека шоуто било прилично предвидливо, нарекувајќи го „Оскар автопилот” поради немањето водител.

Во првото десетлетие од овој милениум, гледаноста на Оскарите беше меѓу 35 и 45 милиони гледачи и најчесто беше една од двете најгледани емисии во годината.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ