Гласањето за добитниците на престижните награди Оскар, заврши ноќта меѓу 19 и 20 февруари. Имињата на добитниците ќе бидат соопштени на свечениот настан во недела, а оваа година за прв пат во осумдесет и пет години на постоење, гласањето за овие престижни награди беше организирано и преку компјутерски пат. Во однос на онлајн гласањето имало одредени проблеми и жалби од постарите членови на Академијата е соопштиле од установата.
Околу шест илјади професионалци од филмската индустрија од 8 февруари гласаа за добитниците на Оскарите во 24 категории. Резултатите ќе бидат пребројани и испорачани во запечатени коверти со имињата на добитниците кои ќе бидат соопштени на денот на свечената церемонија.
На 24 февруари осумдесет и петото доделување на Оскарите ќе се одржи во Долби театарот, Лос Анџелес .