Ако тридневно гладување звучи како некое средновековно средство за мачење, тогаш не сте слушнале за т.н. „биохакерска диета” која ја практикуваат милијардерите од Силициумската долина.
Строгите режими на гладување кои понекогаш се темелат на целосна елиминација на храна да подолг временски период, им станаа омилени на моќните лидери на компании, кои тврдат дека така подобро се фокусирани.
Фил Либин, поранешен извршен директор на Evernout и сегашен директор на компанијата Al Studio All Turtles, вели дека гладувањето го направило подобар лидер и тврди дека тоа е нешто најпаметно што го направил во животот.
Истото го вели и Џефри Ву, основач и директор на „Nootrobox” суплементите, кој редовно практикува повремено гладување.
Гладувањето го популаризирал невронаучникот Марк Метсон, кој открил дека мозокот реагира на долготраен глад така што активира посебни канали кои го намалуваат влијанието на стресот и ризикот од болести.
Тој исто така тврдел дека гладувањето го зголемува производството на протеините. Покрај славните личности како Миранда Кер и Џенифер Анистон, поборници на овој начин на исхрана станаа и бизнисмените, кои сега имаат дури и здружение под името „We Fast”, кое го покрена Ву.