Гардероба на Мадона продадена на аукција за 3,2 милиони долари

Од:

Гардероба на Мадона што носела за време на каирерата, но и приватно, беше продадена на аукција за 3,2 милиони долари.

Најмногу заинтересирани имаше за јакната од филмот Очајнички барајќи ја Сузан, која беше продадена за 252.000 долари додека здолништето од музичкиот спот за песната Material Girl, беше продадено за 73.125 долари.

Нејзината венчаница од 1985 година достигна сума од 81.250 долари. На дводневната аукција во Калифорнија беа понудени и продадени лични предмети на други музички ѕвезди – Мајкл Џексон, Шер, Џон Ленон, Џејмс Браун и Елвис Присли. Очилата на Ленон беа продадени за 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ