Лејди Гага го отпуштила својот менаџер Боб Леоне, човекот кој ја открил уште како тинејџерка.
Боб Леоне ја споил Лејди Гага со продуцентот Роб Фусари кој и помогнал да го напише првиот албум „The Fame“.
Бившиот менаџер се пожалил дека поради тоа тој има финансиски проблеми. “Живеам од чекови на социјалното осигурување на мојата 88-годишна мајка бидејќи банкротирав“ – изјавил Леоне кој нема најдобро мислење за пејачката. “Таа е лоша“ – додал тој.
Изгледа Боб не очекувал дека Гага ќе го надрасне и сметал на тоа засекогаш од неа да профитира.