ФОТО: Започна осмото издание на винскиот фестивал „Вино-Скоп“

Од:

Вчеравечер, на плоштадот „Карпошово востание“ до Камениот мост, со настапите на Дј Тина, етно метал бендот Хроматик Поинт и браќата Тавитијан со проектот „Македонското срце чука во 7/8 такт“ со специјалниот гостин Аки Рахимовски од Парни Ваљак којшто ги изведуваше старите македонски народни песни, почна осмото издание на винскиот фестивал „Вино-Скоп“ 2014.  Фестивалот официјално го прогласи за отворен градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Vino Skop 2014 (10)

-Добредојдовте на осмиот по ред Фестивал на виното „Вино-Скоп“ 2014. Се надевам дека во наредниве пет дена ќе се дружите токму овде со добро вино, храна и музика. Ви пожелувам незаборавни моменти на „Вино-Скоп“ 2014, добра забава и одлично здравје, истакна градоначалникот Трајановски прогласувајќи ја оваа винска манифестација за отворена.

Vino Skop 2014 (2)

На овој фестивал учествуваат над 40 македонски винарии, а новитет годинава е што посетителите ќе имаат можност да пробаат и вински коктели како сангрија и вино мохито.

Vino Skop 2014 (3)

Вечер, на програмата на втората фестивалска вечер, посетителите на Вино-Скоп, ќе ги забавуваат Диџеј Тина, XXL, бендот „Тоа е тоа“, Фолтин и за крај Бени и Нон стоп.

Vino Skop 2014 (4)

На Вино-Скоп по долго време со концерт се враќаат Дарио и Миг 21, а ќе настапат и Куку Леле, Митан Проџект, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, УскаКан Оркестар и многу други.

Vino Skop 2014 (5)

Паркингот до Музејот на холокаустот ќе биде отворен 24 часа за посетителите, а за оние што ќе дегустираат вино, препорачуваме да конзумираат одговорно и да не возат, туку да го користат градскиот јавен транспорт или да одат пеш.

Vino Skop 2014 (1)

Организаторите како и винариите учесници ветуваат добра музика, дегустација на врвни вина по цени за сечиј џеб, деликатесно мезе во катчето за храна и пет дневна забава до утринските часови.

Vino Skop 2014 (11)

МОТО на Манифестацијата Вино-Скоп 2014 годинава е: „Бидете дел од една различна  приказна!“

Vino Skop 2014 (12) Vino Skop 2014 (6)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почна „Вино Скоп 2016“

Ана Ололовска