По смртта на еден од најголемите светски актери и комичари, Робин Вилијам, за кого постои сомнеж дека поради депресија со која што се борел со години, си го одзел животот, повторно во фокус е тајната врска помеѓу комичарите и нивната темна страна.
Многу комичари воедно се и депресивци, кои што живеат и се борат со депресивно пореметување, иако тоа изгледа неспоиво со нивната професија. Бројни психијатри сметаат дека причина за тоа е што нивната комичност всушност најизразено се бори против таинственото пореметување на расположението. Ова се неколку познати светски комичари кои што низа години се борат со депресија.
Овен Вилсон
Актерот во 2007 година се обиде да се самоубие во својот дом во Калифорнија. Додека некои останаа шокирани, неговите блиски пријатели беа запознаени дека комичарот со години се бори со депресија.
Роузен Бар
На познатата комичарка депресијата и е дијагностицирана во 1994 година и од тогаш користи антидепресиви и оди на психотерапии.
Џим Кери
Популарниот комичар отворено зборуваше за својата борба со депресивното пореметување и призна како долго време бил на прозар, најсилниот лек за лекување на депресија.
Елен Деџенерес
Откако во 1997 година јавно призна дека е лезбејка, кариерата на познатата комичарка нагло се влоши, поради што западна во тешка депресија. Успеа да излезе од неа, но на нејзините настапи од некои искрени коментари може да се претпостави дека нејзината болест се уште трае.
Џери Синфилд
Популарниот Џери исто така ја призна својата склоност кон депресивно расположение. Тој дури и јавно рече дека веројатно во еден момент би си го одзел животот, доколку нема деца.
Метју Пери
Ѕвездата на „Пријатели“ отворено зборуваше како во неколку наврати се лекувал од депресија. Рече и дека својот проблем долго време сакал да го сокрие, но дека во еден момент станало невозможно и морал да признае дека има проблем и да побара помош.
Е. Г.