Гитаристот Карлос Сантана, по настапот во Лас Вегас заспал зад воланот и го удрил својот луксузен автомобил „Фискер карма“.
Сантана удрил два други автомобили, и го скршил целиот преден дел од својот скапоцен спортски автомобил, по што се отвориле воздушните перничиња. За среќа во инцидентот нема повредени.