(ФОТО) Деми Мур по поразот на Оскарите побегна да јаде помфрит

Од:

Актерката Деми Мур (62), ѕвездата на филмот „Супстанција“, беше една од фаворитите за Оскар во категоријата за најдобра актерка, но наградата сепак и побегна. Златната статуа отиде во рацете на 25-годишната Мајки Медисон за нејзината улога во филмот „Анора“.

Целиот свет го коментираше моментот кога Деми Мур ја пропушти наградата која цел живот ја чека, а интересно е што направи актерката по церемонијата.

По гламурозната вечер, Мур ја отстрани шминката, се зави во пењоар и лежерно уживаше во голема порција помфрит.

Тој момент го сними нејзината ќерка Талула Вилис која на Инстаграм сподели фотографија од нејзината мајка во лежерен стил.

„Мојот победник“, напиша таа во описот на објавата.

Би можело да ве интересира

Адриен Броди го собори рекордот за најдолг говор на Оскарите

А1он

Најлошите филмови што добија Оскар

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

Почина познатиот британски режисер Алан Паркер

А1он