Бритни Спирс повторно е во форма, и тоа одлична, и се гледа дека задоволна од постигнатото, така што на Инстаграм споделила фотографија на која го покажува своето разголено тело.
Бритни Спирс сериозно се ангажирала, бидејќи ја очекува напорен период исполнет со настапи. Доказ за тоа е и последната фотографија.
Пејачката своето тело го довела до совршенство вежбајќи ги напорните кореографии осмислени за претстојните настапи во „Планет Холивуд“ во Лас Вегас.
„Жешко е денеска на сетот. Малку валкано, малку заводливо, дадовме се од себе. Толку до утре“, напишала поп принцезата покрај фотографијата.