Популарниот филсмки серијал од 80-тите за виетнамскиот ветеран Џон Рамбо ќе добие и своја телевизиска серија, а продуцентите се во преговори со актерот Силвестер Сталоне за повторно да ја игра улогата на Рамбо, пренесуваат американските медиуми.
Канадската корпорација „Ентертејнмент уан“ потпиша договор со филмската компанија „Њу имиџ“ и продуцентот Ави Лернер, кој треба да почне да работи на новата телевисика серија.
Сталоне прв пат се појави како Рамбо во филмот „Прва крв“ од 1982 година, а потоа и во следните три продолженија меѓу 1985 и 2008 година.