Ева Мендез и Рајан Гослинг и покрај тоа што неодамна станаа родители, актерката и понатаму е многу љубоморна на неговата поранешна девојка.
Поранешната девојка на Рајан Гослинг, актерката, Рејчел МекАдамс, неодамна му се јавила на актерот да му честита што станал татко. Сепак, неговата сопруга, актерката Ева Мендес (40), наводно поради тоа полудела од бес.
– Рејчел навистина имаше најдобри намери кога се јави. Сакаше да му честита што стана татко и да слушне како е сега. Но, потоа следеше непријатна сцена. Ева му забрани да се слуша со неа, затоа што мисли дека Рејчел се обидува повторно да го освои, наведува еден извор.
Од друга страна, некои таблоиди ја наведуваат можноста дека приказната нема врска со вистината и дека двојката моментално ужива во својата среќа, а особено Ева, во улога на мајка.