„Поради разните шпекулации кои се предизвикани од конкуренцијата од една лажна продукција поврзана со мракот во Македонија, Ентер фест ги информира сите љубители на фестивалот.
Следете ги нашите објави на нашата страница на Фејсбук, каде што ќе можете да се информирате за тоа што ќе се случува и кои се сите учесници на фестивалот“, велат од Ентер фест.
„Ве информираме дека сме во преговори и во завршна фаза со многу светски и изведувачи од Балканот, затоа што ЕНТЕР ФЕСТ ќе биде најголемиот фестивал во регионот, кој ќе го направи градот Скопје и Македонија престолнина на културата во последната недела од мај.
Официјално ќе ве информираме сите вас кои се учесници на фестивалот на 16.04.2018 на прес-конференција. Дотогаш, немојте да бидете измамени од лажните информации што ги остава конкуренцијата, соопштуваат од Ентер фест.