Ед Ширан купи луксузен стан во Њујорк вреден над 10 милиони евра

Од:

Британскиот пејач Ед Ширан (34) дополнително ги зголеми своите инвестиции во недвижности со купување луксузен стан во Бруклин, Њујорк, чија вредност надминува 10 милиони евра.

Имотот се наоѓа во ексклузивен станбен комплекс покрај брегот, а еден од неговите познати соседи е американскиот рапер Кендрик Ламар. Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн живеат во истата зграда веќе некое време, каде што изнајмиле стан за 29 милиони евра. Овој пат решиле да купат – и без кредит, користејќи готовина преку компанија што самите ја основале.

Купувањето на новиот имот е извршено преку посебна компанија основана од Ед и Чери, а според документите од Њујорк, станот е купен со готовина, без користење кредит.

Станот од околу 315 квадратни метри ги нуди сите погодности на модерниот луксуз – вклучувајќи две теретани, 24-часовна рецепција и гаража со места за полнење на електрични возила.

Тој поседува и најмалку 27 имоти во Велика Британија, меѓу кои се издвојува куќа во Нотинг Хил вредна 23 милиони евра, како и бројни станови во елитните лондонски квартови како што се Холанд Парк, Ковент Гарден и Вајтчепел. Во Холанд Парк, тој поседува дури пет згради чија вкупна вредност надминува 36 милиони евра.

Покрај тоа, тој поседува четири стана во Ковент Гарден, пет стана во кулата Вивертон и уште два имота во близина на домот за кучиња и мачки Батерси. Само овие лондонски имоти вредат повеќе од 52 милиони евра.

Ширан е и сопственик на ресторанот Берти Блосомс на Портобело Роуд, а надвор од Велика Британија поседува вила во Италија со лозја. Неговиот главен имот е во Сафолк, каде што купи голем број околни имоти во родниот Фрамлингам и создаде комплекс што мештаните го нарекуваат „Ширанвил“.

Би можело да ве интересира

Три хороскопски знаци за кои 2027 година ќе биде една од најдобрите во животот: Конечно завршува периодот на борби и следува чиста среќа

Предраг Петровиќ

Чеда Јовановиќ отворено проговори за односот со Аца Кос: „Да бев геј, ќе го признаев тоа“

Предраг Петровиќ

Прогласен најдобриот град за живеење во 2026 година: Во оваа европска престолнина дури 91 отсто од жителите се среќни

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Итно огласување на Ава Карабатиќ по вестите дека се фрлила од тераса: „Добра сум…“

Предраг Петровиќ

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI

Предраг Петровиќ