Ѕвездата на Манчестер Сити шокира со изгледот, телото на Грилиш деформирано по еден месец пиење

Од:

Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите пред еден месец кога во финалето го победи Интер со 1:0. Тогаш за прв пат во историјата на клубот стигна до врвот на Европа. Го прославија фудбалерите на Сити, особено Џек Грилиш (27) кој се уште не престанува да пие.

Тој се уште е на одмор на Ибица иако наскоро треба да се пријави кај Пеп Гвардиола и да започне со тренинзи. Она што особено ја шокираше јавноста во Англија е состојбата во која се наоѓа Гралиш. Фотографиите од неговото тело од одмор на Ибица се шокантни.

Секојдневното пиење оставило свој белег, а неговото инаку извајано тело изгледа навистина непрепознатливо. Гвардиола го предупредува Грилиш дека треба да се контролира бидејќи сите знаат дека сака да пие и да се забавува, а сега ќе му требаат неколку недели за да се врати во форма.

Грилиш наскоро ќе се врати во Манчестер за да ги започне подготовките, а потоа сите ќе бидат на турнеја низ Азија каде до крајот на месецот ќе одиграат три пријателски натпревари. Првиот подготвителен натпревар ќе го одиграат против Јокохама Маринос во Токио на 23 јули, додека три дена подоцна на истиот стадион ќе играат против Баерн. Турнејата ја завршуваат на 30 јули во Сеул со меч против Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лејтон Ориент во ФА Купот

(ВИДЕО) Избувна пожар пред стадионот на Манчестер Сити

Горан Наумовски

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1