Џорџ и Амал Клуни ќе станат родители

Од:

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга, познатата британска адвокатка, Амал го очекуваат првото дете, пишува американскиот таблоид ОК, повикувајќи се на извори блиски до познатата брачна двојка.

Актерот, кој се венчаше во септември минатата година во Венеција, им ја соопштил радосната вест на своите родители.

– Неговите родители Ник и Нина на почетокот мислеле дека тоа е една од неговите многубројни шеги. Сега се среќни бидејќи синот ги увери дека е сериозен, велат изворите.

Кога во 1993 година се разведе од Талија Балсам, клуни се заколна дека никогаш повеќе нема да се ожени и дека не сака да има деца.

Амал Клуни е адвокат специјализиран за меѓународно право. Нејзини клиенти беа Јулија Тимошенко и Џулијан Асанж. Таа беше и советник на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ