Актерката Џоди Фостер конечно проговори за својот прв филм што го играше со Ентони Хопкинс „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Во емисијата „The Graham Norton Show“, 53-годишната актерка откри дека Хопкинс толку ја плашел, што не смеела ниту да разговара со нив на сетот.
Фостер рече дека неговата глума и влевала страв во коски и оти едвај чекала да се заврши снимањето.
– Никогаш не разговарав со него, бидејќи беше толку страшен. Стигнавме до крајот на снимањето и ниту еднаш не влеговме во каква било конверзација, вели Фостер.
– Го избегнував, но последниот ден од снимањето ми пријде и јас со солзи во очите му признав колку му се плашам, а тој ми рече: „Но јас од тебе се плашам!“.