Мемоарите на воената фотографка Линдзи Адарио беа објавени пред еден месец, а врз основа на нив веќе е подготвено сценарио за филм.
Филмот насловен „Тоа е она што го работам: Животот на фотограф во љубов и војна“, би требало да го режира Стивен Спилберг, а главна улога ќе ја толкува Џенифер Лоренс, пишува „Тајмс“.
Адарио наводно се сретнала со сите заинтересирани режисери, меѓу кои бил и Дарен Аронофски, кој за главните улоги ги предлагал Натали Портман и Џорџ Клуни.
Последните 15 години Адарио правеше фотографии на жртвите на воените судири, пред се на жени, во Авганистан, Либија, Ирак, Индија и Израел.