Актерот Џејмс Вудс поднесе тужба против твитерџија кој се крие зад името Абе Лист бидејќи на Твитер го нарекол „коакаински зависник кој шмрка и философира“.
Тужбата е поднесена во Суд во Лос Анџелес и од Абе Лист тој бара отштета од 10 милиони долари.
Судирот меѓу холивудскиот актер и неидентификуваниот твитерџија почна којн крајот на 2014 година, но кулминираше пред две недели кога Вудс го прокоментира медиумското внимание што и се дава на Кејтлин Џенер.