Најавата дека актерот Џејми Дорнан нема да се појави во вториот дел на филмот „50 нијанси на сивата“ ги натажи неговите обожаватели, а веста лошо ја примија и продуцентите на ова филмско остварување.
„Дејли Мејл“ тврди дека продуцентита на Џејми му понудиле дури седум милиони долари за да се предомисли.
Но, засега се уште е неизвесно дали актерот ќе се согласи на уште еден филм за грубиот богаташ Кристијан Греј.
Злобниците велат дека за ваквиот став на Џејми е виновна неговата сопруга Амелија Варнер, која наводно му забранила повторно појавување во секси сцени.