Популарниот пејач и актер Џастин Тимбарлејк и актерката Џесика Беил, по две години брак го очекуваат првото дете, пренесоа денеска електронските медиуми.
На неодамнешната роденданска прослава на пеачката Тејлор Свифт, на која присуствуваа Тимберлејк и Беил, негов поранешен колега од групата „Nsync“ на американските медиуми им откри дека двојката очекува бебе.
– Неодамна ми кажа, и, секако, јас морав да молчам. Но, сега можеме да зборуваме за тоа, рече Џои Фатон за „Пипл“.
Тимберлејк и Џесика се венчаа на 19 октомври 2012 година.