Во Врховниот суд на државата Њујорк беа поднесени нови обвиненија против хип-хоп уметникот Шон Диди Комбс за дрогирање и сексуален напад на 10-годишно момче во хотелска соба во Њујорк во 2005 година, како и за слични напади врз 17- годишно момче во 2008 година.
Двете нови тужби беа поднесени во понеделникот и се најнови во низата тужби поднесени против Комбс за сексуални напади на забави и состаноци во изминатите две децении, објави АП.
Во понеделникот, адвокатите на Комбс ги отфрлија наводите во двете нови тужби и го обвинија адвокатот на тужителите, Ентони Базби, дека бара публицитет.