Холивудската актерка Деми Мур по разводот од Ештон Качер имала неколку кратки врски. На јавноста секако најинтересна и беше онаа со 31-годишниот Хари Мортон затоа што тој неколку месеци порано беше во врска со нејзината ќерка Румер.
Но, по раскинувањето на врската помеѓу Хари и Деми, друг Мортон го освои срцето на 50-годишната актерка.
Како што пишуваат американските медиуми, Деми сега е во врска со таткото на Хари, 66-годишниот Питер Мортон, могул кој има низа ресторани во САД.
– Лудо се вљубени – открива близок извор за „E! Online“ и додава дека Питер е многу харизматичен и на Деми и се допаѓа се во врска со него додека таа самата е многу приземјена.