Познатиот музичар Дејвид Боуви ќе ја компонира музиката за мјузиклот Сунѓерот Боб, заснован на истоимениот цртан филм, чија премиера најавена е за следната година.
Ориенталниот тетарот во Чикаго најави дека англиската рок икона ќе ја предводи музичката група која ќе ја компонира музиката за „Сунѓерот Боб мјузикл“, чија премиера ќе биде на 7 јуни следната година.
Во изработка на песните ќе учествуваат и Синди Лопер, членови на хард рок бендот Аеросмит, The Flaming Lips и пејачот Џон Леџенд.
Мјузиклот ќе се изведува еден месец во Чикаго. а потоа во Бродвеј, наведуваат од тетарот.
Од неговото деби во 1999 година, „Сунѓерот Боб“ оствари огромен успех за Николодеон, детска американска телевизија која е во сопственост на Виаком и освои бројна публика, не само меѓу децата, туку и меѓу возрасните.
Мјузиклот „Сунѓерот Боб“ е втор театарски проект на 68-годишниот Боуви, кој после една деценија во 2013 година се врати на сцената со албумот „The Next Day“. Имено, Боуви ја напиша музиката за „Лазарус“ чија премеира ќе биде во ноември во њујоршкиот театар „Работилница“.