Дејан Милиќевиќ за грабeжот во Македонија: „За 40 минути ми го испразнија станот, не ми оставија ни гаќи“

Од:

Директорот на фотографија и визуелен уметник Дејан Милиќевиќ се присети на својот живот во Македонија и на немилиот настан што му се случи на врвот на неговата кариера.

– Луѓето повеќе ме повредуваат приватно отколку на деловен план. По 10 години во Македонија, за 40 минути ми се испразни целиот стан. Имав камери, монтажа, добро работев и заработив убав капитал, вложив се. За половина час се од станот беше на Косово и распродадено, а секако дознав многу подоцна – изјави Милиќевиќ и додаде:

„Тоа беше голем стан во Скопје, а блиндор вратата не беше насилно отворена, што е многу интересно. Некој еднаш ми го зел клучот и направил нов… Не сакам веќе ни да размислувам за тоа. Очигледно, сè мораше да се случи на тој начин. Се што заработив го немаше за 40 минути, не ми ги оставија ни гаќите. Дури и рутерот го однесоа, веројатно за да ми кажат дека не сум добредојден. Кога ќе видам на Википедија дека пишува дека имам македонско потекло, полудувам, затоа што немам ништо со Македонија освен што живеев таму 10 години. Прекрасен човек, Бранислав Јовановиќ ми понуди да живеам со него и да работам со него додека не застанам на нозе. Секоја вечер на моите најблиски им испраќав цигари, лекови, облека, се што им требаше додека траеше бомбардирањето. После се ми останаа двајца пријатели во животот и за тоа сум му благодарен на Бога – изјави Дејан Милиќевиќ за српски Курир.

Би можело да ве интересира

Истепан и ограбен малолетник во Аеродром

Банда ограби познат голман: Донарума и неговата сопруга беа мета на крадци