Четврти програмерски маратон „Codefest“ идниот месец во Охрид

Од:

„Challenge Your Limits“ е мотото под кое ќе се одржи годинешното четврто по ред издание на програмерскиот маратон „Codefest“, кој ќе се одржува од 15-ти до 17 април во Охрид.

Според најавите од организаторите, годинешното издание ќе биде со проширена агенда, осмислена за да ги задоволи вкусовите на сите страни на технолошката заедница, како на студентите, така и на ИТ професионалците, компаниите и образовните институции.

Оваа година на „Codefest“ ќе бидат присутни и голем број ИТ компании од земјава и странство, што според органозаторите е добра прилика младите програмери да го претстават својот талент, креативност пред потенцијалните вработувачи. Исто така програмскиот маратон е можност директно да се соработува со реномирани ментори од земјата и странство.

На настанот ќе бидат присутни и претставници на повеќе акцелератори и инвеститори подготвени понатаму да работат со тимовите кои ќе се покажат добри резултати, а и да инвестираат во најдобрите идеи, велат организаторите.

Во рамки на маратонот ќе се одржи и еднодневна технолошка конференција „Codeference“ на која гости-предавачи ќе бидат светски и наши познати експерти во повеќе области како технологија, иновации, дигитален маркетинг, стартапи и инвестиции. На конференцијата ќе се даде осврт и на моменталните состојби во развојот на технолошката и стартап сцената кај нас и во регионот.

Учеството на маратонот е бесплатно за сите избрани учесници, а пријавувањето е до 15-ти овој месец.

Би можело да ве интересира

Во Охрид викендов 6. „Codefest“ програмерски маратон

Ана Ололовска

Кодфест маратон во Охрид

Ана Ололовска

Во Охрид отворен петиот по ред програмерски маратон „Codefest

Ана Ололовска

Петто издание на програмерскиот маратон „Кодфест“

Ана Ололовска

Почнува четвртиот „Codefest“ во Охрид

Ана Ололовска

Екипата „Togepi Crew“ од Битола најдобра на програмерскиот маратон „Codefest 2015“

Ана Ололовска