Чарли Шин и порно глумицата Скотин Рос наречена Брет, пред само неколку недели беа лудо вљубени и планираа свадба, но сега ситуацијата е многу поинаква.
Наводно, славниот актер ги раскинал веридбата и прекинал со Брет, за да може целото свое внимание да го посвети на своите деца.
– Скот и јас поминавме многу убави моменти заедно, но заеднички донесовме одлука да заминеме секој по својот пат. Одлучивме да не го поминеме животот заедно. Моите деца го заслужуваат моето целосно внимание повеќе отколку што мене ми е потребна оваа врска. И понатаму имам многу чувства кон неа и и посакувам се најдобро, изјави Чарли.
Четириесетидеветгодишниот актер беше во брак три пат и тоа со Дона Пил, Денис Ричардс, и Брук Мулер. Со актерката Денис има две ќерки – Сем и Лола, а во бракот со Брук ги доби близнаците Боби и Макс и за сите нив месечно одвојува повеќе од 100.000 долари алиментација, пишува Радар Онлајн.
Освен четирите малолетни деца, Чарли има и возрасна ќерка Касандра (29) кој ја добил со средношколската љубов, Паула Профит.