Иако во март 2011 година изгледаше дека е крај на кариерата на Чарли Шин откако замина од серијата „Два и пол мажи“, се случи токму споротивното.
Актерот набрзо доби улога во серијата „Anger managment“ и откако ќе ја сними 50 епизода ќе добие хонорар од 150 милиони долари.
Шин потпиша нов договор со кој се обврзува да сними уште 50 епизоди до октомври 2014 година.
Во серијата Чарли Шин го игра доктор Чарлс Гудсон, терапевт за елиминирање на бесот, но животот му е комплициран поради односите со неговата поранешна сопруга и ќерката.