Чак Норис слави 75 години

Од:

Со бизарната улога во „Тексашки ренџер“, Чак Норис стекна статус на икона во поп-културата, а денеска го слави неговиот 75-ти роденден.

Карлос Реј „Чак“ Норис роден е во Оклахома на 10 март 1940 година во градот Рајан, каде што поминал едно тешко детство.

Кариерата почна да ја гради благодарејќи на неговите боречки вештини врз основа на кои тој успеа да се пробие во светот на филмот, каде имаше забележителни резултати. По неколку филмови, неговата кариера ја продолжи на телевизијата во позната серија „Вокер, тексашкиот ренџер“, која се емитуваше осум години, а воедно стана неговиот заштитен знак .

Ѕвезда стана многу одамна, но феномен стана во 2005 година кога „Фактите за Чак Норис“ станаа интернет, а неговата популарност и понатаму не стивнува.

Тоа се серија шеги за неговите „херојска“ сила и квалитети, или пак за силината на неговиот кружен удар ( „Чак Норис игра руски рулет со полн пиштол и секогаш победува“, „Каде е роден Чак Норис? Во болницата која самиот ја изградил“), Норис изјави дека не се чувствува наврден од тие шеги, и дека некои ги смета за смешни.

И самиот Норис потврди дека слушнал многу добри шеги за себе, а некои од нив се:

– Солзите на Чак Норис лекуваат рак. Штета што никогаш не плаче.

– Кога ќе го видиш, тој те гледа и тебе. Кога не го гледаш, најверојатно си само неколку секунди оддалечен од сигурна смрт.

– Чак Норис е толку кул што овците го бројат пред спиење.

– И кромидот плаче поради Чак Норис.

– Постојат три страни на моќта – светла, темна и Чак Норис.

– Теорија на релативност не вреди во случајот на Чак Норис – тој е побрз од светлината.

– Чак Норис трча 100 метри во една секунда, затоа што знае пократок пат.

– Најчестите причини за смрт во Америка се ракот, срцевиот удар и Чак Норис.

– Исус според Библијата, водата ја претворал во вино, а потоа Чак Норис, виното го претворал во пиво.

– Чак Норис може да се капе во замрзната вода.

– Кога еднаш многу му се брзаше, Чак Норис скокна од авионот и продолжил да оди пеш.

– Хулк постои од 1962 година. Чак Норис постои од секогаш.

– Чак Норис е единствен човек кој ја пуши цигарата и пред да ја запали.

– Чак Норис мачка леб на Нутела.

– Кога Чак Норис би можел да се бори сам против себе, најверојатно би победил.

– Кога Чак Норис погледнува во небото, облаците почнуваат да се потат – некои тоа го викаат дожд.

– Светот познава два вида луѓе – губитници и Чак Норис.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ