Во синоќешната епизода на телевизиската серија „Бубалици“ му беше оддадена почит на неодамна починатиот глумец Леонард Нимрој.
Екипата на „Бубалици“ на крајот од епизодата објави порака проследена со фотографија на Нимрој која гласеше: „Влијанието што го имаше врз нашата серија и нашите животи е вечно“.
Нимрој, кој се прослави со улогата на Спок во серијалот „Ѕвездени патеки“, беше еден од идолите на главниот лик во „Бубалици“, Шелдон Купер, кого го толкува Џим Парсонс, па затоа и беше „ѕвезда-гостин“ во една од епизодите на серијата.