Би можело да се каже дека Брус Вилис е многу великодушен кога се работи за напојници.
Имено, неодамна, како што објави „Билд“, Вилис на една берлинска келнерка и оставил напојница од 923 долари.
Тој и неговата сопруга Ема Хеминг-Вилис биле на заедничка вечера со моделот Каролина Куркова и 13 бизнис партнери во рестаранот на еден хотел во Берлин и на крајот на вечерата акетрот се покажал многу великодушен.
Причината за тоа можеби е и фактот што во текот на вечерта Вилис испил многу, забележува „Билд“.
Од друга страна, и келнерката не била скржава, па парите од напојницата ги потрошила на чесење на колегите од работа.